На 21. август во Штип по вторпат ќе се одржи трибјут концерт во чест на Тоше Проески.
Концертот ќе го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic, а потоа ќе настапат The Hounds, Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски…

Концертот има хуманитарен карактер. Дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на улицата “Тодор Проески“ во Крушево.
Влезници се во претпродажба по промотивна цена во City Point Tobacco – Штип.
Фото: Промо