еМагазин
Image default
Бизнис

„Жито Полог“ во загуба од 6,9 милиони денари

Во периодот од 01.01 до 30.09.2018 година „Жито Полог“ АД Тетово оствари негативен финансиски резултат од 6.936.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од продажба во овој период се 309.418.000 денари што претставува зголемување за 4 % во однос на минатата година.Ова зголемување на вкупните приходи е резултат на продажбата на пченица и добиточно брашно на странскиот пазар,додека кај продажбата на брашно имам пад од 1% во однос на минатата година.Кај продажбата на леб имаме пад од 6%.во однос на минатата година.

Оперативните трошоци во овој период се поголеми за 7 % во однас на минатат година што е резултат на зголемени цени на дел од суровините, амбалажата и нафтата. Имаме пораст на финасиските расходи од 1.311.000 денари во овој период 2017 година на 3.216.000 денари во овој период 2018 година што е пораст за 245% во споредба со мината година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат до денар, а дизелот за 1,5 денари

Редакција

Независната угостителска комора бара рамноправно вакцинирање на сите угостители

Редакција

Јовановиќ до СДСМ: Капитулиравте со тоа што им ги отстапивте државните финансии на ДУИ

Редакција