еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Галерија) Timberland слави 45 години од постоењето на „yellow boots” со специјална колекција

Кога прв пат се појавија жолтите чизми, никој не замислуваше дека ќе станат вистинска класика. Но, 45 години подоцна овие чизми кои се одликуваат со издржлив ѓон и премиум кожа се многу повеќе од легендарни. Тие се икона.

За да ја прослави 45-годишнината, компанијата за есен/зима 2018 претставува специјална колекција која ги слави жолтите чизми и останатите препознатливи модели на брендот. Чизмите се дополнети со сафирно сини елементи – симбол на годишнината и имаат премиум додатоци како двобојни врвки и втиснато лого.

Прв пат претставени од страна на Сидни Шварц во 1973 година, жолтите чизми стануваат популарни заради својата водоотпорна конструкција. Всушност и самата желба на Сидни била да има чизми со кои ќе остане сув за време на суровата зима во Њу Хемпшир, па токму затоа и ги нарекол „Timberland”. И тој самиот не помислувал дека овие издржливи чизми за кратко време ќе станат најпрепознатлите обувки кои некогаш биле создадени.

Транзицијата на жолтите чизми од работна во модна облека во доцните 70-тите се должи на одличен продажен тим кој успеал да го вклучи овој производ во селекцијата на познатите стоковни куќи Сакс и Блумингдејлс во Њујорк. За кратко време познатите „Панинаро” тренд сетери од Милано почнуваат да ги носат жолтите чизми како свој заштитен знак – производ со автентичен американски белег. Хип хоп артистите од 90-тите од Њујорк наскоро се приклучуваат кон трендот и ги носат чизмите – одраз на нивната индивидуалност и бунт кон воспоставените ролји во општеството. За нив тие се симбол на сила и стил.

Отткогаш, Timberland е во партнерство со голем број познати брендови како Opening Ceremony и Supreme преку лимитирани едиции, додека пак ѕвездите како Фарел Вилијамс, Џенифер Лопез, Кара Делевињ, Ед Ширан, Џастин Тимберлејк и многу други, ги вбројуваат жолтите чизми во своите најважни модни парчиња.

За да ја прослави годишнината на жолтите чизми на оригинален начин, Timberland оваа сезона ја лансира кампањата “Celebrate the Icon” – првата рекламна кампања генерирана преку имиџи на социјалната платформа за размена на фотографии “Unsplash” . Кампањата ја претставува визијата на различни фотографи за чизмите Timberland и нивната безвремена ДНК, преку приказни раскажани низ повеќе канали. Во имиџите се вклучени моделите London Square, Courmayeur и Chamonix Valley како и специјалната едиција 45th Yellow Boot.

Во текот на месец ноември продавниците на Timberland во Скопје ќе бидат место за многу интересни случувања и поволности за купувачите. Настанот посветен на 45 годишнината од постоењето на жолтите чизми ќе вклучи креативни соработки и работилници кои го доловуваат иновативниот карактер на брендот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителството за убиството на 28-годишното момче во Гостивар

Редакција

(Видео) Бројни возила заглавија на Стража: Најавениот снег предизвика проблеми на дел од патиштата

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за набавка на струја вреден 224.000 евра

Редакција