Европската унија (ЕУ) ги одбила сите предлози на транспортерите и властите од Западен Балкан, кои бараа решение за професионалните возачи за нивниот престој во Шенген зоната, пренесуваат регионалните медиуми.
Европската комисија (ЕК) ги отфрлила предлозите со образложение дека биле невозможни, премногу креативни и спротивни на Шенгенските правила.
Како алтернатива од ЕК, било предложено возачите да го регистрираат своето живеалиште во една од земјите членки на ЕУ, што транспортерите го одбиле.
Транспортерите бараа професионалните возачи да добијат посебна виза или сличен документ што ќе им овозможи да останат подолго и да работат во ЕУ.
Информацијата за српската агенција Танјуг ја потврди претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неџо Мандиќ, кој меѓу друго вели дека последната средба со претставниците на ЕУ била „катастрофална“, но и дека со транспортерите од регионот се одлучиле за нови блокади и дека се работи на кординација за тоа со колегите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
На транспортерите, но и на сите други граѓани од овие земји, престојот во Зоната им е ограничен на 90 дена во период од 180 дена. Со новиот систем за влез и излез во Шенген оваа веќе постоечко правило е само „забетонирано„.
Со оваа правило сметајќи ги времето на чекање и другите процедури, возачите ќе можат да работат максимум 10 дена месечно, што ги прави неконкуретни со превозниците од ЕУ, а некои може да останат и без работа.
Експертите проценуваат дека и да се најде некакакво решение за сите страни, поради администрацијата на ЕУ, истото ќе може да биде спроведливо дури за неколку години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада













