„Тоа е добро за иранскиот народ“, вели Филипче за нападот на Иран од страна на САД и Израел

И лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го оправдува нападот на Иран од страна на САД и Израел, посочувајќи дека истиот следел откако биле исцрпени сите дипломатски механизми.

Тој како што изјави денеска, вели дека нападот бил добар за иранскиот народ, како што неодамнешната интервенција на САД во Венецуела била за доброто на народот таму.

Очекува деескалација на работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран

Вчера позицијата за нападот на земјава преку статус на Х ја соопшти македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој меѓу друго напиша дека Македонија стои зад американските сојузници.

Денеска за состојбата на Блискиот Исток ќе заседава и македонскиот Совет за безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи

(Видео) Иранската дијаспора низ светот слави за нападот на Иран

(Видео) Ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел: “Го сакаме Трамп“

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести