Цената на нафтата повторно ита накај 120 долари, какви нови цени ќе соопшти денеска Регулаторната за енергетика

Денеска цената на нафтата брент, која има удел во крајната цена на горивата во Македонија се продава за 115,30 долари за барел.

Изминативе денови, како и во целиот период по нападот на Иран од страна на САД и Израел, што предизвика војна на Блискиот Исток, цената на нафтата правеше “падни-стани“, што придонесе за зголемување на цените на горивата глобално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се Хутите кои влегоа во војната на Блискиот Исток, со што се прошири фронтот

Деновиве во војната се вклучи и Јемен, преку јеменските бунтовници Хути, што дополнително го отежна транспортот на нафта, кој е веќе сериозно отежнат поради нецелосното функционирање на Ормутскиот теснец.

Денеска Регулаторната комисија за енергетика, водени услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), треба да ги соопшти новите цени на горивата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

За цената на горивата ќе може да се одлучува и на дневно ниво: Регулаторна го измени Правилникот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести