Поради енергетската криза, која е резултат на нападот на САД и Израел на Иран, што предизвика војна на Блискиот Исток, еден од најзначајните енергетски региони во светот, бројни земји низ светот, како и Македонија, донесоа кризни мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Земјава за да го ублажи ценовниот притисок врз граѓаните вчера одлучи да ја продолжи мерката за намалената стапка на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% до крајот на кризата, како и намалување на акцизата за дизелот за 4 денари и за бензините за 2 денари по литар.
Оваа значи дека државата ќе има помали приходи од овие давачки, што на подолг рок би значело и помалку пари за капитални инвестиции или за други потреби на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акцизата на дизелот намалена за четири, а на бензините за два денари
Колкави приходи имала државата во првиот квартал од годинава
Деновиве од Министерството за финансии информираа дека вкупните приходи во државниот Буџет во првиот квартал од годинава достигнале 81,2 милијарда денари. Тоа е раст од 5,7% во однос на истиот период лани.
Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7%. Највисок пораст се забележува кај данокот на добивка од 23,6% и данокот на личен доход од 12,3%.
Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3% или вкупно кон стопанството се вратени 12 милјарди денари.
Приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1%.
Раст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4% во споредба со истиот период лани.
Вкупните расходи изнесуваат 106,3 милјарди денари, што претставува раст од 18,4% во споредба со првиот квартал минатата година.
Капиталните расходи во првиот квартал изнесуваат 8,3 милијарди денари, што е зголемување од 196,5% во однос на истиот период лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија расцвета “бензин туризмот“, ќе има ли ограничување за странците?
Два милиони литри гориво се трошат дневно во Македонија
Април со цените ќе биде полош од март
Фото: Унсплеш













