Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во фокусот на македонската, но и на унгарската јавност, откако по последните параламентарни избори таму ќе има смена на власта.

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија.

Како што е познато Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, кога требаше да оди во затвор за да почне да ја издржува казната за случајот “Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот “мерцедес“ во Министерството за внатрешни работи, а кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар

Маѓар на прес-конференција беше прашан за екстрадиција на полски политичари, кои избегале во Унгарија, како и Груевски, а тој самиот во одговорот на прашањето го спомна поранешниот македонски премиер.

Унгарија досега неколку пати одби екстрадиција на Груевски. Оправдувањето беше дека има статус на политички азилант и како таков државата не можела да го депортира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако биде екстрадиран Груевски ќе лежи затвор најмалку 9 години, моментално активни две потерници за извршување на санкции

Како избега?

Јавноста во Македонија и до денеска не доби официјален детален одговор од надлежните институции, кои отворија и истрага за неговото бегство, на оваа прашање.

Од онаа што медиумите сами го истражува се познати неколку детали.

За да стигне до Унгарија помина низ три држави – Албанија, Црна Гора и Србија.

Најверојатно тоа го направил со дипломатско возило.

На 8. ноември 2018 година требаше да оди во затвор, а со жалба на неговата одбрана доби уште еден ден. Истата беше одбиена од Судот следниот ден, ама судскиот крурир не го нашол дома за да му го достави затворското решение.

Претпоставката е дека ноќта на 11. ноември, во периодот од 1 до 2 часот по полноќ, влегол во Албанија. Таму побарал азил во унгарската Амбасада во Тирана и добил патен документ – пасаван, со кој можел да влезе во Европската унија, односно во Унгарија.

Во Црна Гора влегол околу 19 часот истиот ден, а во Србија после 22 часот. Во Унгарија стигнал на 12. ноември, наутро околу 5 часот.

Исто така познато е дека за него беше распишана национална потерница дури на 12. ноември, а ден потоа и меѓународна.

Токму овој факт беше и оправдувањето на српските власти, зошто го пуштиле да помине низ земјата. Од таму посочија дека ако го запреле, тоа ќе било “киднапирање“.

На 13. ноември Груевски сам се јави од Будимпешта, главниот град на Унгарија и меѓу друго во Фејсбук статус напиша оти последните неколку денови добил безброј закани по неговиот живот.

-Јас сум во Будимпешта сега и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, напиша тогаш тој.

Подоцна пак во интервју кажа оти многу лесно ја напуштил Македонија.

-Очигледно е дека нашиот систем во овие две години е ослабен, кажа тој.

Пред неколку години САД го стави на т.н. црна листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работи фирмата на Груевски во Унгарија

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Продаден дел од имотот на Груевски за двојно повисока цена

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести