Судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, ги пакувал парите кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино.
Тоа го потврдуваат неговите отпечатоци и негова ДНК најдени на алуминиумската фолија со кои биле завиткани 350. илјади евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството, како што велат од таму, во текот на истражната постапка обезбедило цврсти и непобитни докази дека Ристов прикривал пари за кои не можел да докаже законски од каде потекнуваат, кои не ги пријавил во анкетниот лист и дека тој лично го извршил криењето на парите. Освен биолошки доказ имало и материјални докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов
Обвинителството предложило конфискација на негов имотот за кој постои сомневање дека е стекнат противправно, а финансиските текови на неговата сопруга биле анализирани само од аспект на потеклото на имотот.
Тој се гони за кривичните дела – противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, но не и за примање поткуп, бидејќи Обвинителство засега нема докази дали за конкретни предмети зел мито, иако до Обвинителството стигнале информации дека тој барал мито.
Парите беа пронајдени откако беше уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој како адвокат на бизнисменот Љупчо Пецов-Ѓаволот зел 50 илјади евра поткуп за да делува кај Ристов, бизнисменот, да не оди во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид
Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор













