Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е повторно во фокусот на јавноста, откако се договори со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за поткуп од 50 илјади евра да лежи затвор од 15 месеци.
Од притвор во Затворот „К’шање“ во Куманово, тој е преместен во Затворот “Скопје“ во Скопје, каде почна да ја одлежува казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фехми Стафа преместен во затворот „Шутка“, за поткуп од 50 илјади евра се спогоди да лежи 15 месеци
Парите како што е познато ги зеде од сестрата на бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот, на кого му беше адвокат, за да делува кај судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, тој да не оди во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин разгледа каков имот пријавил во Антикорупциската комисија кога станал државен правобранител, кој го имаме во архива.
Каков имот пријавил
Тогаш на свое име од недвижен имот има пријавено само земјиште, за кое не навел повеќе податоци.

Пријавил и заем од 4,6 милиони денари, за кој не дал други податоци, како и кредит од 2,1 милиони денари, кој го зел во 2016 година, а треба да го врати до 2041 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Фехми Стафа, кој за поткуп од 50 илјади евра доби затвор од 15 месеци
Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична
Фото: Унсплеш













