Грчкиот парламент им го одзеде имунитетот на 13 пратеници на владејачката Нова демократија, поради злоупотреба при распределба на земјоделски субвенции од Европската унија (ЕУ).
Истрагата за аферата ја води Европското јавно обвинителство (ЕППО), кое откри системска измама во периодот од 2019 до 2024 година, при што преку фалсификување документи за сопственост на пасишта биле проневерени над 22 милиони евра.
Во фокусот на истрагата е работењето на државната грчка агенција ОПЕКЕПЕ, која е задолжена за распределба на овие субвенции.
ЕУ веќе ја казни Грција со 390 милиони евра за лошо управување со европските пари, а аферата предизвика и министерски оставки.
Фото: еМагазин












