Информацијата дека САД наводно разгледува опции за суспендирање или за намалување на улогата на Шпанија во НАТО, го отвори прашањето дали една земја членка на Алијансата може да биде исклучена, што досега не било тема.
Оваа следи откако Шпанија отворено му се спротистави на САД за нападот на Иран и не му дозволи да ги користи нејзините база за нападите.
Од НАТО по информациите соопштија дека не постои одредба за суспендирање или исклучување на земја членка од Алијансата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, пак изјави дека неговата земја е лојална членка на НАТО и дека така и ќе остане.
На страната на Шпанија застанаа Италија и Германија, кои повикаа НАТО да остане обединет и порачаа дека членството на Шпанија не е доведено во прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток
Фото: МО












