Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата моментално не размислува за намалување на ДДВ-то за горивата, а и дека акцизата за горивата ќе остане иста.
Најави дека во следниот период Владата ќе носи одлуки врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецот.
Тој исто така информираше дека моментално со ОКТА се преговара за продолжување на попустот.
ОКТА неодамна го продолжи попустот до 30. април 2026 година. За дизелот изнесуваше 3 денари по литар, а за бензините од 95 и 98 октани – 2 денари по литар.
Според одредени проценки придонесот за општеството од намалувањето на цените од страна на ОКТА во услови на криза изнесува околу пет милиони евра. Со овие мерки, директно се обезбедува заштеда кај граѓаните и домашната економија, со што компанијата амортизира дел од ценовниот шок.













