Уште не почнала летната туристичка сезона, а на влезовите во Грција, Португалија и Шпанија, најпопуларните дестинации за летување во Европа, поради новиот систем за влез и излез во Европската унија (ЕУ), односно во Шенген зоната, се создаваат гужви, а патниците чекаат за влез или излез со часови.
За да си ја спасат престојната сезона овие три земји најверојатно ќе го суспендираат системот по неколку часови преку летово, опција која им стои на располагање, анализираат европските медиуми.
Тоа не значи целосно суспендирање на системот.
Грција веќе најави привремено суспендирање на системот за граѓаните на Велика Британија за престојното лето, а тоа го бараат и Србија и Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе патуваат ли летово и македонските граѓани во Грција без биометриска проверка на границата?
И трите земји веќе привремено го суспендираат системот кога се создаваат големи гужви за влез или излез преку копнен пат, но и на аеродромите.
Ваков потег можно е да направат и Хрватска и Италија, но и Франција, кои исто така се во групат на најпознатите европски земји за летување.
Привремена суспензија на системот бараат и авиокомпаните, туристички работници, туристичките агенции…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија разговара со земји членки на ЕУ за метежите на границите
Зошто не фотографираат при секој влез во ЕУ, а не еднаш?
Од денеска целосно на сила новите правила за влез и излез од ЕУ
Фото: еМагазин














