Европа АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила нето добивка од 25.773.449 денари и истата е поголема во однос на претходната година за 72,7%, соопшти Фабриката преку Македонската берза.
-Зголемувањето на добивката е како резултат на намалување на вкупните расходи, велат од таму.
Друштвото за овој период има вкупни бруто приходи од 247.012.250 денари и истите се намалени за 8,6% споредено со истиот период лани.
-Ова намалување е резултат на примената на МСФИ-15 со кој трошоците за дадени одобренија на купувачи се прикажани на терет на приходите од продажбата.
Вкупните оперативни приходи се намалени за 4,9% во однос на истите во 2025 година.
Останатите приходи се зголемени за 52,2%, а кај финансиските приходи зголемувањето е за 64% во однос на 2025 година.
Ова намалување особено на оперативните приходи во периодот јануари-март 2026 година се должи на примената на МСФИ -15 и доколку се прикажат исто како во првиот квартал од 2025 година за споредба, би имало пад од само 0,5% на истите, велат од таму.
Вкупните расходите се намалени за 14,2% во однос минатата година најмногу заради примената на МСФИ-15 и покрај негативниот ефект од зголемувањето на трошоците за амортизација на средства под наем согласно примената на МСФИ -16, посочуваат од таму.
-Оперативните расходи се намалени за 14,4%, а финансиските расходи се зголемени заради примента на МСФИ-16 кои заради усогласувањето согласно условите во договорите за наем на средствата со право на користење, генерираа финасиски трошок на име камата, велат од таму.
Планот за вкупната продажба за првиот квартал од 2026 година е остварен со 93,8%, а планот за производството е остварен со 92,8%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа со драстичен раст на добивката лани
Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто
Фото: Унсплеш













