Поранешниот министер Чавков излезе од затвор

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи, кој заврши во затвор за настаните во македонското Собрание од 27. април 2017 година, условно е пуштен од затворот во Штип.

Информацијата ја објави државната агенција МИА.

Тој излегол од затворот денеска во 10 часот.

Беше осуден на 18 години затвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Чавков, кој е и поранешен прв човек на Бирото за јавна безбедност, бараше повторно судење, тврдејќи дека процесот бил политички мотивиран.

Поради здравствени проблеми казната повремено му беше прекинувана.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести