Владејачката коалиција Вреди стана партија.
Таа има двајца претседатели – Изет Меџити, кој беше лидер на Демократско движење и Биљал Касами, кој беше претседател на Беса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои ќе бидат претседатели: Вреди денеска станува партија
Беким Сали, кој беше лидер на Алтернатива, пак е генерален секретар.
Освен овие три партии во коалицијата беа и крило на поделената Алијанса за Албанците, како и подржувачи на партијата на косовскиот премиер, Албин Курти, Самопределување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Кој дојде на Конгресот: Вреди стана партија
Кој е Касами
Касами е актуелен градоначалник на Општина Тетово. На оваа функција е по вторпат.
Роден е на 31. јули 1975 година во Тетово.
Во 2000 година дипломирал економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
На истиот Универзитет, во 2011 година завршил докторски студии, со што се стекнал со титулата – Доктор на економски науки.
Работно искуство и политичка кариера
Од 2000 до 2004 година работел во Царинската управа.
Во периодот од 2005 до 2006 година бил државен секретар во Министерството за економија.
Потоа се вратил во Царинската управа, каде што останал до 2008 година.
Од 2009 до 2014 година, бил професор на Балканскиот меѓународен универзитет.
Од 2014 година привремено се повлекол од академскиот живот за да и се посвети на политиката.
На академска кариера и се вратил во 2017 година како професор на повеќе универзитети во Косово, каде што бил ангажиран и како редовен професор на Универзитетот Дарданија.
Во ноември 2014 година се формира Беса, на која и станал претседател.
На парламентарните избори во декември 2016 година е избран за пратеник во македонското Собрание, функција која ја извршувал до 2017 година.
Во 2017 година поднесува оставка од функцијата пратеник за да се кандидира за градоначалник на Општина Тетово, но не станува градоначалник.
На предвремените парламентарни избори во јули 2020 година повторно е избран за пратеник во Собранието.
На локалните избори во октомври 2021 година, повторно се кандидираше за градоначалник на Општина Тетово, како кандидат на Беса.
Тогаш за првпат беше избран за градоначалник на Општина Тетово.
Вториот мандат го доби на последните локални избори кои се одржаа лани во октомври.
Приватно
Касами е оженет и е татко на три деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Биљал Касами, старо-новиот градоначалник на Тетово
Кој е Изет Меџити, копретседателот на Вреди
Фото: Касами/Фејсбук














