Речиси секоја недела од полицискиот билтен дознаваме за нов случај на малолетничко насилство. И тоа многу често, неочекувано, и помеѓу девојчиња.
Последниот се случи на подрачјето на скопски Бит Пазар. Малолетничка тепала соученичка, а пак друг малолетник го снимал тепањето.
И сето тоа се случувало во двор на училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетничка натепана од соученичка во училиште во Бит Пазар, друг малолетник го снимал тепањето
Истовремено јавноста дозна и за напад на ученик со нож во скопско Ченто, Општина Гази Баба. Нападот се случил во училиштето, а го извршил поранешен ученик во училиштето.
Ученикот беше опериран и е во критична состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оваа се два инциденти за кои јавноста дозна во еден ден. Прашање е за колку случаи на малолетничко насилство не дознаваме, бидејќи малтретираните деца не им кажуваат на родителите или за да не бидат повторно жртва, не пријавуваат ни во полиција.
Проблемот е многу сериозен, а досегашните реакции на надлежните институции за вакви инциденти, за жал, не дадоа некој резултат. Очигледно е дека државата треба посериозно да се занимава со овој проблем кој го имаат и други држави, а во дел од нив има и добри решенија. Не треба да се измислува топла вода.
И, да, ограничувањето на пристапот до социјалните мрежи, и те како е добра идеја!
Одговорност секако имаат и родителите, но и медиумите, кои пренесуваат информации за пусти кликови, кои промовираат насилство и несоодветно однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за насилничките од Ѓорче Петров и за нивните родители
И други девојчиња малтретирале насилничките од Ѓорче Петров: Нови детали
Фото: Унсплеш














