Институциите создадоа сериски убиец

Трајко Б. (25) од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане и официјално е осомничен за убиство на четири жени и два обиди за убиство.

Сите се повозрасни, освен една која имаше 35 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За четири убиства и два обиди за убиството ќе се гони серискиот убиец од Старо Нагоричане

Оваа е прв случај на сериски убиец во Македонија со елементи на фемицид.

Јавноста изминативе месеци дозна бројни вознемирувачки детали за неговите убиства и обиди за убиство, но случајот покажа и пропусти на институциите.

Па така, двајца лекари – мртвопровители заработија кривична од Министерството за внатрешни работи (МВР) оти тврделе дека жените починале од природна, а не од насилна смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца мртвопроверители заработија кривична за убиствата во Старо Нагоричане

Истрага се водеше и за полицајци, ама тие нема да одговараат оти им верувале на мртвопровителите.

Во истрагата беа откопани тела на дури три закопани жени за да се проверува како починале.

Останува нејасно како надлежните не ги поврзале случаите, кога сите починати жени биле пронајдени голи или полуголи, и не ја прекинале низата на убиства.

И сите се од еден регион.

Уште повеќе за напад осомничениот со име и презиме во полицијата бил пријавен од најмалку една постара жена.

Плус осомничениот секако и бил познат на полицијата од порано, за пријави за тешки кражби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција

(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско

На 3. март била извршена уште една ексхумација во врска со серискиот убиец во Старо Нагоричане

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести