Без пасош остана осомничениот за мито претседател на гостиварскиот суд

Откако беше осомничен за мито, Елјеса Алији, в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар, остана без пасош.

Без пасош остана и другиот осомничен во случајот кој го отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кој бил судски администратор, а и двајцата ќе имаат и обврска за повремено јавување кај службено лице, како и забрана за издавање нови документи за патување, забрана за преминување на државната граница и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на гостиварскиот суд осомничен за мито

Тие се гонат за кривичното дело “примање награда за противзаконито влијание“.

Вакви мерки побара ОЈО ГОКК, а истите ги определи Кривичниот суд, од каде велат дека не можеле да определат построги мерки од оние кои ги предложило Обвинителството.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести