Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар, Мартин Треневски

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство.

Беше роден во 1949 година во Скопје.

Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература.

Постдипломски студии по масовни комуникации и информирање завршил на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања и се стекнал звање магистер по политички науки.

Работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и во новинската агенција Танјуг, каде во 1986 година беше дописник од Австралија и Јужниот Пацифик.

Како публицист и истражувач тој е и автор на голем број дела. 

Треневски беше именуван за министер за информации во првата влада на Македонија.

Подоцна беше и министер за иселеништво.

Беше амбасадор на Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија, генерален конзул во Торонто, Канада, и македонски амбасадор во НАТО. =

Треневски беше активен и во политичкиот живот како член и активист на ВМРО-ДПМНЕ од почетоците на партијата. 

За својата работа како новинар, публицист и дипломат е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и највисоката новинарска награда во Македонија – „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 1983 година. 

Погребот ќе биде утре, 27. мај, во 13:00 часот на Градските гробишта Бутел. 

Фото: Треневски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести