Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, како и што најави, поднела жалба за неговиот притвор од 30 дена кој го доби од Основниот кривичен суд Скопје, на барање Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот во кој е осомничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според телевизијата ТВ 24, во барањето се нуди 60 илјади евра за да тој се брани од слобода, а во жалбата имало и контра аргументи за основите за кои Богоев доби притвор – опасност од бегство и влијание врз сведоци.
Жалбата стигнала во Судот.
Како што е познато во случајот станува збор за злоупотреба при тендер за чистење на граничните премини на Царината и за поткуп од 1.800 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп
За што е осомничен Стефан Богоев: Детали од Обвинителство
Фото: Богев/Фејсбук













