Позната фирмата заради која Стефан Богоев заврши во притвор

Позната е фирмата која го добила тендерот заради кој поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, заврши во притвор.

Како што објави телевизијата Телма се работи за фирмата “Ремондис медисон“ од Битола.

Станува збор за тендер за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали вреден над 300 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку тендери добила фирмата „Ремондис Медисон“, заради која Стефан Богоев заврши во притвор

Како што објави телевизијата меѓу осомничените е и Димитар Геогиевски, кој бил управител на фирмата, која лани во јуни го променила седиштето и сега е во Скопје.

Осомничен е и вработениот во фирмата, Александар Спирковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 420,2 илјади евра склучи Царинската управа со „Ремондис медисон“

Како што објави Телма тој заедно со Геогиевски влијаеле кај четвртиот осомничен – Семир Мура, кој бил помошник директор во Царинската управа. Тие на него и на Богоев им ветиле подарок за да ја фаворизираат “Ремондис медисон“ на тендерот, објави телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на Стефан Богоев нуди 60 илјади евра за да излезе од притвор

Каков имот пријавил Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Кој е Стефан Богоев, кој заврши во притвор за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести