Македонскиот државјанин и убиената Гркинка имале љубовна афера?

Осомничениот македонски државјанин М.Л. (43) и убиената Гркинка Ставрула Левендаки (45) од селото Агина, Крит, имале љубовна афера, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Оваа во полиција го кажал осомничениот македонски државјанин, кој го призна нејзиното убиство.

Тој првично тврдеше дека до убиството дошло по кавга за унишување на инвентарот во куќата која ја изнајмувал од нејзе.

Сега вели дека до убиството дошло откако таа му се заканила дека ќе и каже на неговата сопруга за љубовната афера помеѓу нив.

Тој првично ја удрил со шише пиво во главата, и со истото ја ударал додека не се скршило, пренесуваат грчките медиуми детали од истрагата.

Потоа и ставил селотејп на устата, бидејќи врескала, а и ја избодел со нож неколку пати во пределот на градниот кош.

Откако била убиена ѝ ги врзал рацете и нозете со фолија, го завиткал нејзиното тело во четири кеси и ја оставил на подот.

Следниот ден го закопал нејзиното тело во нива, одалечена 5 километри од куќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонски државјанин убил 45-годишна жена на Крит

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести