Обезбедено и последното лице кое беше недостапно за случајот со проневра во ФФМ

Обезбедено е и последното, петто лице, кое не беше достапно на органите на прогон, за случајот со проневра од околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Информацијата ја соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата.

Тој оди во куќен притвор.

Претходно на едно од петте недостапни лица му беше определен притвор, а другите три добија мерки на препазливост и обезбедување.

Вкупно во случајот се осомничени 18 физички и осум правни лица, а меѓу нив се и двајцата поранешни претседатели на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, кој е уапсен во случајот со проневра на околу 3 милиони евра

Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари: Детали за акцијата од Финаниската полиција

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести