Градскиот базен во Тетово воведе термини само за жени, за да не се мешале со мажите.
Па, така, жените може да се капат само во среда и сабота од 08:30 до 12:00 часот.
Од Општината Тетово велат дека овој необичен распоред, типичен за конзервативни муслимански земји, бил на барање на граѓаните.
Оваа е единствен базен во Тетово, кој преку лето за граѓаните е отворен од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот, а за време на викендот од 09:00 до 21:00 часот.
Во текот на школската година пак го користат учениците од тетовските училишта.
Фото: Влада














