Осомничениот за убиството на 48-годишна Ж.Г. во скопското село Таор, Општина Зелениково, С.Г. (51), на барање на Основното јавно обвинителство Скопје од страна на Основниот кривичен суд Скопје доби 30 денови притвор.
Како што информираа од Судот, предлогот е прифатен заради постоење опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело.
Осомничениот откако ја убил сопругата со давење, во полиција пријавил дека исчезнала, а на негови познаници, кои исто така беа уапсени, им кажал дека му дошла во сон и побарала помош, па заедно со нив отишол на местото каде претходно ја убил и ја покрил со гранки, по што пријавиле во полиција дека го нашле нејзиното тело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопругот е осомничен за убиството на 48-годишната жена: Детали од Обвинителството
Убиена 48-годишна жена, телото и било пронајдено во фаза на распаѓање, уапсени се четири лица














