Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски денеска се врати на работа откако од 7. мај беше на боледување.
Информацијата ја соопшти лично на Фејсбук со фотографија, на која е со Неделчо Крстевски, кој го заменуваше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Неделчо Крстевски, кој ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Во постот меѓу друго пишува дека изминатиот период за него бил големо искушение.
-Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш, пишува тој, подвлекувајќи дека враќањето за него не претставувало само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочил во изминатиот период.
-Во ова искуство научив дека со трпение, истрајност, верба и поддршка, дури и најтешките битки можат да се добијат, пишува тој.
Исто така во постот ги демантира “сите шпекулации и лаги врзани за моето име“, и пишува дека бил згрозен од начинот со кој што одредени поединци и партии пробале да дојдат до евтини политички поени на сметка на неговата состојба.
-Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал.
Сега по божја волја се враќам со нова енергија, со уште поголема посветеност и со јасна цел – да продолжам да работам одговорно, чесно и посветено, во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина, пишува тој.
Во врска со неговото враќање на работа се огласија и од Општината, од каде велат дека и во периодот на неговото отсуство, Општината функционирала организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација и за периодот што следи најавуваат “уште поинтензивна координација на започнатите активности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош
Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош
Каков имот пријавил Неделчо Крстевски, кој го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Фото: Општина Карпош














