Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка.
Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба.
Тој е Магистер на економски науки.
Стоилов поседува 1 обична акција на Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница
34.5 милони денари за менаџментот на Прилепска Пиварница лани














