Кој освен Трифун Костовски и син му се обвинети за стечајот на Еуростандард банка

По речиси шест години од пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје, во септември 2020 година, вчера Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение за нејзниот стечај за четири лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифун Костовски и син му Коста обвинети за стечајот на Еуростандард банка

Најзвучното име од обвинетите е бизнисменот Трифун Костовски, кој како претседател на Надзорниот одбор на Банката е четвртообвинет.

Како претседател на Кредитниот одбор на Банка, второобвинет е неговиот син – Коста Костовски.

Првообвинет е Николчо Петковски, како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор на Банката.

Третообвинет е Зоран Николовски, како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор на Банката.

Тие се обвинети за штета од над 27 милиони евра на сметка на доверителите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Трифун Костовски, кој најави формирање на партија

Трифун Костовски се враќа во политика, најави нова партија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести