На електронското надавање на 29. јули повторно ќе се продаваат три стана на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Истите ги продава Агенцијата за управување со одземен имот, а беа запленети за случајот „Плацеви на Водно“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба
Вкупно становите државата ги проценила на 2.457.000 евра, а се наоѓаат во “Панорама резиденс“ на скопско Водно.
Тие имаат вкупна површина од 750 метри квадратни.
Еден од нив е 155 метри квадратни и има балкон од 95 метри квадрати. Почетната цена за него е 760.000 евра.
Вториот е 199 метри квадрати, со балкон од 48 метри квадратни. Почетната цена е 847.000 евра.
Третиот е 200 метри квадратни, со балкон од 48 метри квадрати. Почетната цена е 850.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија
Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Груевски/Фејсбук














