(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба

Продажбата на имотот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно е во фокусот на јавноста.

Станува збор за запленет имот за случајот „Плацеви на Водно“, отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство, и се работи за три апартмани кои досега не се продале, а биле на продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 2,4 милиони евра повторно на продажба три стана на Груевски

Се работи за станови со голема квадратура и големи тераси, а на една од нив има и џакузи.

Сместени се во во “Панорама резиденс“ на скопско Водно.

Електронското надавање е на 29. јули, а нивната вкупна вредност е проценета на 2.457.000 евра.

Агенцијата за управување со одземен имот која ги продава, објави фотографии од нив:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Колку пасоши има Груевски?

Фото: Агенција за управување со одземен имот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести