Две жени и еден маж од Косово, кои се воделе за исчезнати, синоќа биле пронајдени починати на патот Блаце – Скопје.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје тие биле пронајдени починати во превртено возило „мерцедес“. Возилото било со германски национални ознаки.
Засега нема информации за нивниот идентитет и како дошло до несреќата.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Претходно во Полициската станица Бит Пззар, нивното исчезнување го пријавил државјанин на Косово.
Тој последен пат имал контакт со нив на 18.07 2026 година околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавени фотографии од загинатите кај Блаце
Познат идентитетот на жртвите кај Блаце: МВР возилото го лоцирале преку камери и дрон
Фото: Унсплеш














