И неколку денови по невремето со ветер од 130 километри на час, Скопјани се уште чекаат да се расчистат паднатите дрвја.
Големо дрво на пример во скопски Карпош го блокира пристапот до зградата на станарите, како и пристапот до локалниот маркет.



Маркетот претрпи штета откако истото падна врз надворешните фрижидери. Сопственците се јавиле на 112, а од таму ги информирале дека за случајот е информирано јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое е под Град Скопје.
Во меѓувреме несовесни граѓани се обидуваат да стигнат до маркет поминувајќи под дрвото, кое во секој момент може да се скрши дополнително.
За дрвото „Паркови и зеленило“ ја информирала и фирмата која ја води зградата.


Освен на повеќе места низ Карпош, еМагазин на терен се увери дека паднати дрвја се уште не се отстранети ни во Капиштец, Градскиот парк, како и во сите други скопски општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку силен бил најбрзиот ветер во Македонија
(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје
Фото: еМагазин














