И водата во Крушево не е за пиење, откриени бактерии

Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Прилеп ги информира жителите на Крушево дека водата за пиење од градскиот водовод е бактериолошки неисправна.

При редовната контрола на квалитетот и безбедноста било констатирано отсуство на резидуален хлор, како и присуство на бактерии од цревно потекло.

За ваквата состојба денеска веднаш биле известени надлежните државни институции и раководството на ЈКП „Комуна“ – Крушево.

Од ЦЈЗ – Прилеп им препорачуваат на крушевчани за пиење да користат исклучиво пакувана вода.

Водата од градскиот водовод за лична хигиена, подготовка на храна и миење садови може да се користи само по превривање од минимум 10 минути.

Овие препораки ќе важат сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.

Дополнително, испитувањата направени на 20. јули 2026 година покажале бактериолошка неисправност и кај крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“, кои исто така не смеат да се користат за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во водата во Валандово зголемено ниво на арсен

Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести