Унгарскиот премиер Петер Маѓар ќе истражува четири случаи на заеми на унгарската Ексим банка, меѓу кои и оној на македонската влада.
Одлуката била донесена на владина седница, а Маѓар подетално образложи на прес-конференција, на која, за заемот за македонската влада истакнал дека „е многу поповолен од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат заеми, но и од стапката по која унгарската држава зема заеми“.
Според Маѓар, трансакцијата ќе го чини унгарскиот буџет околу 250 милиони евра во каматни плаќања, т.е. поради разликата помеѓу пазарната каматна стапка и субвенционираната каматна стапка што ѝ е обезбедена на Македонија. Целиот ризик од кредитот е покриен со целосна унгарска државна гаранција.
Истрагите за кредитите се однесуваат за можна економска штета и лоши зделки на Унгарија за време на владата на Виктор Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија














