Заедничката понуда на унгарската компанија Икарус електрик зрт (Ikarus Electric ZRT) и австриската ЕВН повторно е избрана за најповолна на повторениот тендер за набавка на 150. електрични автобуси.
Од нив 100 треба да бидат наменети за Град Скопје, а останите за други градови низ Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На тендерот се јавиле уште три компании, а Комисијата за јавни набавки утрврдила дека само две од нив ги исполниле условите да учествуваат на електронската аукција – Икарус и ЕВН, и БМЦ отомотив санаји ве тикарет аноним сиркети.
За најповолна поради најниската цена била избрана таа на Икарус и ЕВН. Нивната понуда изнесува 3.120.956.004 денари без ДДВ или околу 51 милион евра.
Понудиле 19.796.924 денари без ДДВ (околу 322.000 евра) по автобус и 2.018.899 денари (околу 33.000 евра) без ДДВ за станица за полнење.
Останатите учесници на тендерот имаат рок на жалба од 10 денови. Доколку нема жалби, ќе следи потпишување на договорот.
Што треба да достават?
Икарус треба да ги достави електричните автобуси, а ЕВН станиците за полнење.
Електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници и автоматски регулиран клима уред за ладење/греење.
Избраната компанија, според условите од тендерот, ќе има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба, а автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858.
Избраната компанија треба 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да достави во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од 12 месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од 18 месеци од денот на склучување на договорот.
Која е Икарус
Станува збор за позната унгарска компанија за производство на автобуси.
Истата е основана во 1895 година.
Важи за еден од најголемите и најуспешните производители на возила за јавен превоз во Европа.
Има долгогодишна традиција во производство на автобуси кои се користеле низ целиот поранешен источен блок и низ светот.
Се смета за унгарски пионер во современиот развој на градски и електрични автобуси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропадна тендерот за 150. електрични автобуси














