Според податоците од јавните здравствени установи во Општина Гостивар, во текот на вчерашниот ден се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, информираат од Министерството за здравство.
Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар биле регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар.
Во Здравствен дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира
Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели
Фото: МЗ














