Муамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе од притвор и ќе се брани од слобода.
За да излезе од притвор дал гаранција од над 1,15 милион евра, информираа од Основниот кривичен суд.
Истата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот.
Како дополнителна мерка на претпазливост му е одземена патната исправа.
Тој беше во притвор од 24. април 2026 година.
Сејдини е осомничен за кривичното дело проневера во службата.
Според Основното јавно обвинителството Скопје, тој се сомничи дека во периодот од ноември до декември 2024 година, како претседател на ФФМ, стекнал противправна имотна корист од 660 илјади евра за скопска компанија.
Според Обвинителството злоупотребата настанала при користење средства од програмата на УЕФА наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор
Фото: ФФМ














