Почина 16-годишно момче од Кондово, паднало во бессознание додека било на гости

Момче на возраст од 16 години од скопското село Кондово починало вчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Момчето таму било донесено во бессознание, а по кратко време починало.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, со мајка му било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, а во еден момент му се слошило и паднало во бессознание, по што итно било пренесено во Комплексот клиники.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а неговото тело е дадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести