Гостиварци од денеска можат да се капат и да мијат садови, водата уште не е за пиење и за готвење

Од денеска жителите на Општина Гостивар ќе можат да ја користат водата од градскиот водовод, како техничка, но не и за пиење и готвење, односно приготвување на храна.

Ќе можат да ја користат за бањање, миење садови и слични работи во домаќинството.

Информацијата денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го предводи Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Оваа одлука, како што информираше тој, била резултат на повеќекратни испитувања на водата и меѓу друго посочи дека Владата ќе продолжи да го снабдува Гостивар со пакувана вода за пиење.

Емилија Аневска од скопски „Водовод“ пак информираше дека деновиве биле земени шест примероци од водата. Кај сите примероци, три дена последователно, било забележано отсуство на колиформни бактерии. Поради тоа што било извршено хлорирање со поголема концентрација, кај примероците не било регистрирано присуство на трихалометани над дозволени граници.

Најави и дека во следните денови ќе се зголеми бројот на мерните места за испитување на водата и дека со континуиран мониторинг ќе се следел квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се прави финансиско вештачење на документи од Општина Гостивар и ЈП Комуналец

Можна е појава на жолтица во Гостивар

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести