Можна е појава на жолтица во Гостивар

Во Општина Гостивар каде е прогласена епидемија на заразна болест е можна појава на жолтица, предупредија од Комисијата за заразни болести.

Од таму велат дека поради загадената вода од градскиот водоснабдителен систем, таа е можна како последователна последица.

Моментално најголемиот број од граѓаните кои побараа медицинска помош имаа претежно стомачни тегоби.

-Можно е покрај овие цревни причинители да имаме појава и на хепатит А, но и на хепатит Е, изјави д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Комисијата за заразни болести, која посочи дека може да има многу причинители за болест и дека таквата слика не е невообичаена кај ваквите епидемии, кога во организмот може да се најдат различни вируси и бактерии поради мешање на чиста и неисправна вода.

Вели и дека одговор кој е точно „виновникот“ кој ги разболе граѓаните, никогаш нема да се добие.

-Златен стандард по однос на бактериите е копрокултурата… Копрокултирите сега засега кај сите пациенти се негативни. Што се значи тоа? Да, имаме присуство и на бактерии, имаме присуство и на вируси, но кој е виновникот? Тоа досега во светот никој не го кажал при вакви хидрични епидемии, не очекувајте дека некој ќе го даде тој одговор сега засега, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Гостивар ќе се хлорира со повисока концентрација на хлор, се очекува нејзина употреба од следната недела

Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести