Водата за пиење во Валандово повторно безбедна

Откако во средата од ЈП „Комунален сервис“ информираа дека анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале зголемена концентрација на арсен во водата во градскиот водовод во Валандово, таа од вчера повторно е безбедна за пиење.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја укинала забраната за нејзино користење, а информациите ги соопшти градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.

Тој на прес-конференција вчера меѓу друго презентираше резултати од вонредна анализа, изработена од ИЈЗ, според која концентрацијата на арсен изнесува 1,47 микрограми на литар, што е во рамки на дозволените вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во водата во Валандово зголемено ниво на арсен

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести