Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски

На сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски, кој е еден од обвинетите во случајот со злоупотреби со јавните набавки во РЕК Битола, му е вратен пасошот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

Истиот како што објави Независен му е вратен од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра.

-Според законот не може да се земе и гаранција во имот и да биде одземен пасошот. Или едното или другото, вели за Независен, претседателот на Основниот суд Струга, судијата Вулнет Винца.

За случајот во тек е судски процес, а на Марковски и осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот Осломеј во рудниците на РЕК Битола. Станува збор за тендер тежок над 1,7 милиони евра.

Покрај Марковски обвинети се и петмина вработени од РЕК Битола и двајца вработени во Марковски компани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Пеце Матевски, кој заедно со газдата на Марковски компани е осомничен во новиот случај на злоупотреба во РЕК Битола

Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Судскиот процес започна во Основен суд Битола, а потоа целосно беше префрлен во Основниот суд Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија

Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор

Обвинение за Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“, што се му заплени Обвинителството?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести