Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија Pseudomonas aeruginosa која е опасна по здравјето на луѓето, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
„Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање, бидејќи се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет.
Предизвикуваат инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица.
Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици,“ рече Ангелов.
Тој додаде дека денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода.
Фото: Unsplash













