Нов сомнителен случај на западно-нилската треска, тројца од хоспитализираните се во критична состојба

Од Министерството за здравство информираа дека е регистриран нов сомнителен случај на лице со западно-нилската треска.

Истото е хоспитализирано на ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.

Вкупниот број на заболени досега изнесува 13.

Државната агенција МИА објави дека се работи за 76-годишно лице кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија за вирусот западен нил.

Со него седум пациенти се водат како клинички сомнителни.

Кај 10 лица е потврдена западно-нилска треска, а од нив, тројца се во критична состојба. Тие се сместени на Одделот за интензивна нега на Клиниката и се приклучени на механичка вентилација.

Сите пациенти се од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Маларија, денга, зика и западно-нилска треска: Под засилена опсервација четири заболувања во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести