Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се зголемени за 1.1% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1%.
Цените во угостителството во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.2% кај Храна и за 5.6% кај Ноќевања.
Во групите Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци не се забележани промени на цените.














