Оилко КДА Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка по оданочување од 33,19 милиони денари и истата е намалена за 42% во однос на истиот период од 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Ваквиот резултат се должи на намалување на приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар со истовремено зголемување на оперативните расходи, велат од таму.
Друштвото остварило вкупни приходи од 348,16 милиони денари и кај истите има 2,32% намалување, споредбено со истиот период од 2025 година.
-Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 96,70%, имаат приходите од продажба на домашен пазар кои во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат намалување од 2%, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 310,60 милиони денари и кај истите има 7,2% зголемување споредбено со истиот период од 2025 година.
-Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 36,57%, имаат расходите за трошоци за вработени кои во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 7%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкава дивиденда ќе дели Оилко
Оилко лани со зголемена добивка
Фото: Оилко














