Пекабеско АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил вкупна сеопфатна добивка од 131.413 илјади денари соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани во овој период Друштвото имало добивка од 123.162 илјади денари.
Остварените вкупни приходи изнесуваат 3.011 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 5%.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги, кои во споредба со остварените во 2025 година бележат зголемување од 5%, велат од таму.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 2.904 милиони денари и се зголемени за 4%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско лани со зголемена добивка
Весна Кутревска се стекна со нови акции во Пекабеско
Кои се старо-новите членови на ОД на Пекабеско
Фото: Пекабеско














