Угостителските услуги продолжуваат да растат, најголем раст има кај ноќевањата

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година се зголемени за 1.1% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2%.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1%. 

Цените во угостителството во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.2% кај Храна и за 5.6% кај Ноќевања.   

Во групите Алкохолни пијалаци и Безалкохолни пијалаци не се забележани промени на цените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести